Новиот германски првак Баер Леверкузен игра сезона од соништата и во Германија но и во Европа. Во првиот полуфинален меч од Лига Европа, тимот на Чаби Алонсо на „Олимпико“ ја совлада Рома со 0-2. Со тоа „фармацевтите“ направија два огромни чекори напред кон финалето, иако треба да се одигра и реванш во Германија.
Флоријан Вирц во 28.минута го доведе Баер Леверкузен во водство, а Роберт Андрих зголеми на 0-2 во 73.минута на додавање од Станишиќ. Рома иако беше домаќин, беше инфериорна во однос на Баер, кој годинава ги меле противниците и не знае за пораз.
- Рома – Баер Леверкузен 0-2:
Фармацевтите оваа сезона играат импресивно. Немаат пораз на вкупно 47 натпревари по ред, што е навистина неверојатна низа. Чаби Алонсо продолжи да прави чуда и со оваа победа се отвора широко патот кон „триплетата“. Бундеслигата е веќе освоена, а во Купот, Леверкузен е финалист и игра со третолигаш.
Во второто полуфинале, Олимпик Марсеј и Аталанта ремизираа 1-1 на првиотдуел во Франција. Џанлука Скамака погоди во 11.минута за предност на Аталанта, но израмни Шансел Мбемба во 20-та минута од мечот.
Поблизу до триумфот во периодот кој следеше беше Марсеј, имаа домашните и поништен гол во 64. минута кој го даде Сар.
Реваншите во Лигата на Европа се играат на 9 мај.