Такинарди беше одличен и во Вилјареал и беше дел од генерацијата, која беше на праг на пласман во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) во 2006 година, но „жолтата подморница“ потона во полуфиналето против Арсенал.
Италијанецот се присети на двомечот против „топчиите“, па призна дека не му оставил добри спомени и дека секогаш паѓа во депресија кога ќе ја слушне химната на елитното натпреварување.
„Фудбалот ми остави четири лузни. Три од нив се изгубени финалиња, додека четвртото е кога не играв во реваншот против Арсенал. Секој пат кога ќе ја слушнам химната на Лига на шампиони, паѓам во депресија. Многу тешко ми паѓа тоа што не играв против Арсенал во полуфиналето“, вели Такинарди.