Бруно Фернандеш на вечерашната прес-конференција пред денешниот дуел со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони кратко го искоментира и последниот натпревар на Манчестер јунајтед против Лидс во Премиерлигата.
На овој дуел капитенот Хери Мегваер погоди во победата од 2-4, а Португалецот беше меѓу оние кои најсилно славеше и силно го удираше соиграчот по глава.
„Го удирав по глава и му реков, ‘конечно даде гол со таа твоја голема глава’“, изјави Фернандеш.