Луис Дијаз беше стрелец на два гола за Колумбија, која оствари триумф над Бразил со 2-1, а таткото на фудбалерот кој до неодамна беше киднапиран, со големи емоции ги прослави головите на неговиот син.
Бразил дојде во водство уште во четвртата минута од натпреварот со голот на Мартинели. Во второто полувреме следуваше четириминутно шоу на Луис Дијаз за победа на Колумбија. Фудбалерот на Ливерпул во 75. минута даде гол за израмнување, а четири минути подоцна погоди за комплетен пресврт и победа од 2-1 над големиот Бразил.