Фудбалската репрезентација на Аргентина на свој терен доживеа пораз од Уругвај со 2-0 во квалификациски меч за Светското првенство.
Актуелниот светски шампион, Аргентина беше немоќна пред своите навивачи против селекцијата на Уругвај.
Лео Меси го одигра целиот меч, но ниту тој, ниту некој од неговите соиграчи не го најде патот до мрежата на противникот.
Резултатот го отвори Араухо со гол на пет минути пред крајот на првото полувреме од мечот.
Точка на натпреварот стави Дарвин Нуњез со гол во самиот финиш од натпреварот.