Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Атлетико Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:0 (1:0) во градското дерби од 17. коло на Ла Лига.

Тоа беше 279. „Мадрилењо“ и 143. победа на „кралскиот клуб“ благодарение на головите што најдобриот играч на Реал Винисиус Жуниор им ги намести на своите соиграчи.

Бразилецот има блескава сезона, а дека ќе ја измачува одбраната на Атлетико покажа во воведниот дел од играта. Тој се проби по десната страна во 15. минута кога центрираше од десно крило и го пронајде Карим Бензема кој со фантастичен волеј удар биеше неодбранливо. Топката му падна точно на ногата, тој беше целосно сам на 12м и немаше шанса за Облак.

https://www.youtube.com/watch?v=9JyIMhQt264

Треба да се напомене дека пресингот на Винисиус во центарот му овозможи на Реал да дојде до поседот по кој дојде голот. Матеу Лахоз често беше во преден план поради разговорите со играчите од двата табора, имаше чудни одлуки, но ништо што би влијаело на крајниот исход на натпреварот.

По 45 минути Карим Бензема остана во соблекувалната, а можност доби српскиот напаѓач Лука Јовиќ. И, успеа повторно тоа да го искористи, но не со директен ефект. Тој одлично се снајде пред голот на Марко Асенсио во 57. минута кога го прифати додавањето, го „сврте“ Кондогбија и ја упати топката на лево крило за Винисиус, од каде стигна асистенцијата за шпанскиот фудбалер.

https://www.youtube.com/watch?v=LeTSvwVsxPk

Атлетико имаше свои шанси на овој натпревар. Куња и Феликс во неколку наврати го тестираа Тибо Куртоа, но Белгиецот беше расположен.

Реал Мадрид на тој начин се оддалечи од градскиот ривал, кој објективно гледано е најголемиот конкурент за титулата. Со должна почит кон Севиља, прашање е колку Андалузијците можат да ги загрозат „лос бланкос“.

Со натпревар повеќе, Реал има 13 бода предност пред Атлетико, а осум пред Севиља, со исто така вишок меч.