Шпански Леванте, кој првиот дел од сезоната во Ла Лига ја заврши без победа, можно е зимава да го продаде македонскиот репрезентативец Енис Барди, зашто финансиски клубот е во минус од 10,5 милиони евра и таа дипка треба да се пополни, а плус и да се најдат пари за дополнителни засилувања во обид да се опстане до крајот на сезонава.
Дел од шпанските медиуми од Валенсија, ја најавија опцијата Барди и Хосе Кампања да бидат продадени зимава, за да се заработат пари и да се покрите десет милионската дупка, но и затоа што новиот тренер Алесио Лисци побарал од уравата најитно што може е да се донесат засилувања во дефанзивата.
Во изминативе години за Барди имаше интерес од низа клубови како англиски Арсенал и неколку Бундеслигаши, но тогаш немаше конкретни понуди.