Се ближи почетокот на Австралија опен во Мелбурн, а темата за вакцинирање на тенисерите е топ тема.
Тогаш конечно ќе имаме можност да видиме дали сите најдобри тенисери во светот се вакцинирани, а меѓу нив е и Новак Ѓоковиќ.
Сега од АТП пристигнаа нови информации по тој повод.
Едно е сега јасно – дури 95 од 100-те најдобри тенисери во светот се вакцинирани и ќе можат да учествуваат на АТП Купот, Австралија Опен и други турнири во таа земја во јануари 2022 година.
Оваа информација ја потврди Сајмон Хигсон, кој се занимава со комуникации во име на АТП, па таа бројка треба да се сфати како официјална.
Секако, многумина се уште се прашуваат кои пет тенисери не се вакцинирани, како и дали меѓу нив е и Новак Ѓоковиќ, бидејќи се очекува во Мелбурн да атакува на 10. трофеј и 21. Грен слем титула во кариерата.
Сè уште нема такви потврди, но на 1 јануари 2022 година во Сиднеј започнува АТП купот, па ќе можеме да видиме кои тенисери ќе се појават на турнирот.