Славеничко расположение во пресрет на Ролан Гарос има кај Каспер Руд, кој беше на работ на пораз во финалето во Женева, но направи пресврт на крајот од третиот сет .
Каспер Руд покажа исклучителна сила и победнички менталитет, непосредно пред заминувањето на Ролан Гарос. Норвешкиот тенисер, осмиот светски играч, на крајот од третиот сет се најде во бездна и беше на работ на пораз од Жоао Соуса.
Португалецот, 79-ти на АТП-листата откако го загуби првиот сет во тај-брејк, го освои вториот со 6:4, а потоа направи брејк за 3:2 во третиот. Тоа го одржуваше до 5:4 кога сервираше за титулата, но се се промени.
Руд го врати брејкот токму тогаш, а потоа на 6:5 за Норвежанецот Руд имаше две брејк, односно меч топки. Сепак, Соуса се спаси, но немаше спас во тај-брејкот бидејќи Руд отвори со 6:0 и на крајот стигна до 7:1 и победи.
Ова е голем триумф за Руд, кој чека едно големо име во првото коло на Ролан Гарос. Имено, легендарниот Жо-Вилфред Цонга најави збогување на „домашниот“ Грен слем и мечот против Руд може да биде последен во неговата кариера.
АТП Женева, финале:
Каспер Руд (Норвешка, 2) – Жоао Соуса (Португалија) 7: 6, 4: 6, 7: 6