Новак Ѓоковиќ ја ризикува својата кариера бидејќи нема да смее да присуствува на Ролан Гарос, бидејќи француската влада ги заостри рестрикциите поради корона вирусот, пишува „Шенгенвисаинфо“.
Според новите прописи, кои ќе стапат на сила на 15 февруари, сертификатот за антитела, со кој Новак би можел да влезе во земјата и да присуствува на натпреварот, ќе важи само четири месеци, пренесува „Шенгенвисаинфо“.
Ваквите мерки ги намалуваат шансите на Ѓоковиќ да биде на Ролан Гарос, бидејќи се знае дека во средината на декември бил позитивен на корона вирусот.
До 22 мај, за кога е официјално закажано Отвореното првенство на Франција, на Ѓоковиќ ќе му истече сертификатот за вирусот, а тој би можел да биде во Париз само доколку реши да се вакцинира или повторно да добие позитивен вирус во овој период.