Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека навивачите ќе можат бесплатно да ги заменат своите дресови со името на Мејсон Гринвуд за дрес на кој било друг фудбалер.
Клубот во понеделникот од својата онлајн продавница ја отстрани сета опрема поврзана со напаѓачот, а дел од навивачите ги вратија дресовите во продавницата на стадионот „Олд Трафорд“.
Покрај тоа, производителот на спортска опрема „Најк“ го суспендираше спонзорскиот договор со Гринвуд.
Да потсетиме, сето ова се случува бидејќи фудбалерот на Јунајтед е уапсен под сомнение за силување, сексуален напад и закани дека ќе ја убие својата девојка, поради што е уапсен. Сепак, тој набрзо беше пуштен со кауција за да се брани од слобода, но не се очекува да има позитивен исход бидејќи се појавија видеа на кои јасно се гледа се за што го обвинува 18-годишната девојка.
Манчестер Јунајтед соопшти дека фудбалерот е суспендиран и нема да учествува во активностите на клубот до дополнително известување.