Причина што Дардан Дехари сам ќе го вее знамето на Македонија на церемонијата на отворањето на овој настан е проблемот на неговата „партнерка“, Ана Цветановска, која мора да биде во изолација поради контакт со лице заразено со Ковид-19. Нашата скијачка имаше негативни корона-тестови, но поради близок контакт со нејзиниот тренер Борче Јовановски, кој двапати бил позитивен, нема да може да биде дел од нашата делегација на отворањето.
Доколку Јовановски има два негативни теста по ред, ќе може веднаш да го напушти специјализираниот Ковид хотел и да се врати во Олимпиското село во Пекинг.