Најпознатиот пар од скијачкиот свет, американската ѕвезда Микаела Шифрин и норвешкиот специјалист за брзи дисциплини Александар Аамод Килде, моментално се наоѓаат во Алпскиот олимписки центар во Јанкинг, но поголемиот дел од комуникацијата се одвива дигитално.
„Ја гледам, но не можам да ја допрам или да бидам со неа“, изјави Килде за австриската новинска агенција АПА по првиот тренинг во спуст во четвртокот, на кој имаше седмо време (1:44,41 минути), а најбрза беше Швајцарецот Стефа Рогентин (1:44.00).
И Шифрин и Килде се наоѓаат во Олимпиското село во Јанкинг, каде што ќе се одржуваат сите натпревари во алпско скијање, но поради строгите мерки против епидемијата не им е дозволено да се дружат.