Ѓоковиќ има 20 гренслема, ама во Австралија се случи скандал откако државните власти не му дозволија влез во земјата, па му ја укинаа визата и наредија депортација, по што судот ги поништи тие одлуки денес наутро, но останува да виси останувањето на Србинот поради дискрециското право на министерот за имиграција Алекс Хоук да ја поништи повторно визата.
Семејството на Ѓоковиќ оцени дека судската победа на Ноле е најголема во кариерата, поголема дури и од сите досегашни освоени гренслемови, таткото Срѓан порача дека овие шест дена тортура ќе бидат таква мотивација што Ѓоковиќ ќе освои уште десет трофеи на најголемите турнири.
„Ова ќе му даде дополнителна сила, не се свесни што направија. Ќе освои уште десет грен слем титули после ова. Се чувствува одлично, ментално е силен и воопшто не допре до него цела оваа работа. Сега едвај чека да започне турнирот на 17-ти јануари“, рече Срѓан.