Во првото коло од групата Б на Африканскиот куп на нации, Сенегал го совлада Зимбабве со 1:0.

Сенегал со многу мака ја оправда улогата на фаворит, со голот на Садио Мане во последните моменти од мечот од белата точка.

На сето тоа му претходеше игра со рака на еден од играчите на Зимбабве во шеснаесетникот, Марио Ескобар покажа на белата точка, а Садио Мане погоди во четвртата минута од продолжението.

Од 17 часот својот натпревар во истата група го играат Гвинеја и Малави.

https://www.youtube.com/watch?v=Ngwu8bqz5hc