Сослушувањето на адвокатот на Новак Ѓоковиќ и обвинителството траеше со часови, а потоа судијата на австралискиот сојузен суд Ентони Кели одлучи да ја поништи одлуката на владата и да му даде виза на Новак Ѓоковиќ за српскиот тенисер слободно да се движи низ Австралија.
Сепак, тоа не е крајот на оваа правна сага. Без разлика на одлуката на судијата Кели, министерот за имиграција Алекс Хок има право да му ја одземе визата на Ѓоковиќ.
Во мноштвото реакции ја издвојуваме онаа на Рафаел Надал.
„Од спортска страна, би сакал тој да не биде тука, но судот го кажа своето и не е важно дали се согласувам или не со Ѓоковиќ за некои прашања. Ја почитувам одлуката на судот“, изјави Рафаел Надал за шпанските медиуми.
„Сето ова ми изгледа фер и коректно. Правдата даде збор, а јас сум секогаш на страната на правдата, без разлика дали за некои прашања се согласувам со Новак. „Правдата кажа дека има право да настапи на Австралија опен и фер е да го стори тоа“, додаде тој.
Отвореното првенство на Австралија започнува во понеделник на 17 јануари.