Легендарниот играч на голф, Тајгер Вудс им се приклучи на Леброн Џејмс и Мајкл Џордан меѓу спортистите кои станале милијардери, а информацијата ја објави магазинот „Форбс“.
Вудс во текот на својата кариера заработи околу 1,7 милијарди долари, а околу 90 отсто од заработката доаѓа од спонзорските договори и други инвестиции надвор од голфот.
Поранешниот шампион во НБА-лигата, Џордан прв стигна до милијардата, а потоа му се приклучи и Џејмс, а сега „Форбс“ процени дека Вудс е третиот спортист кој има заработено сума над милијарда долари.