Најдобриот македонски автомобилист, Игор Иџе Стефановски, извојува голема победа на трката на патеката Сент Урсан во Швајцарија, во рамките на Европскиот шампионат на ридски патеки.
Стефановски со својот Хјундаи беше најдобар по двете трки во Швајцарија. На првата трка го освои првото место и постави нов рекорд, а и денеска доминираше на втората трка со 5,6 секунди подобро време од вториот.