Џудо клубот Дрим од Струга освои 13 медали на три натпреварувања
На 06.11.2022 год , Џудо клубот Дрим учествуваше на три меѓународни натпревари и тоа:
– „Филипос” во Аминдео Грција – освоени 9 медали од 9 учесници
-„13 Новембар” во Цетиње, Црна Гора – 2 медала од 4 учесници
-„Миоки опен” Скопје – 2 медала од 3 учесници.
Со медали се закитија :
Аминдео
- Мила Стојмиловска – златен
- Мартина Салви – златен
- Елеонора Јосифоска – златен
- Давид Спироски – сребрен
- Мишела Јаулевска – сребрен
- Сергеј Блажески – бронзен
- Катерина Клењоска – бронзен
- Давид Шулески – бронзен
- Албин Чолаку – бронзен
Цетиње
- Доријан Петкоски – златен
- Мила Стојанова – сребрен
Скопје
- Анамарија Стојмиловска – златен
- Амар Бајрамоски – бронзен
„Одлични борби прикажаа и Божидар Јулоски, Анастасија Трајческа и Иринеј Бакрачески, но не успеаа да се искачат на пиедесталот.
Ова е доказ дека со добра организациска поставеност, квалитетен тренажен процес резултатите се неизбежни“, велат од Дрим.