После шест месеци, уште од 8 мај шпанскиот и европски првак Реал Мадрид доживеа пораз во Ла Лига и тоа во мадридската пресметка со Рајо Валјекано (2-3) во последното коло од 13-то коло на мечот на кој македонската „единица“ Столе Димитриевски бранеше на голот на малиот клуб од престолнината.
Реал Мадрид загуби и без одбрана на Димитриевски, зашто во 90 минути двата директни шутеви во голот на „кралевите“ завршија во мрежата на македонскиот репрезентативец, едниот од пенал, но пресуди пеналот за Рајо во 67-та минута, кој од втора го реализираше Оскар Трехо. ВАР му додели пенал на Рајо, исто како и на Реал во првиот дел за голот на Лука Модриќ, но потоа одбраната на Тибо Куртоа ја поништи зашто Белгиецот бил излезен понапред , по што Трехо не згреши од вториот обид.
Залудни беа сите напади на Реал и тоталната опсада не донесе плод за „кралевите“ барем да се спасат од прв пораз сезонава, а Родриго ја имаше најзрелата во 90-та, но Бразилецот немаше своја вечер.
Рајо поведе по пет минути со голот на Комесана, па следуваше пресврт за четири минути со пенал на Модриќ во 37-та и на Милитао во 41-та, но израмни Гарсија во 44-та, па сè реши Трехо од пенал.
Реал со првиот пораз во 13-от меч после десет победи и две ремија остана на 32 бода и сега е втор, два помалку од новиот лидер Барселона која има 34 бода. За Рајо ова е шеста победа сезонава и со 21 бод сега се осмопласирани на табелата.