Според последните информации од Австралија, Новак Ѓоковиќ слетал во Мелбурн денес околу 13.30 часот по наше време или околу 23.30 часот во Австралија.
Новинарот на Тајмс Стјуарт Фрејзер објави дека Новак Ѓоковиќ слетал во Мелбурн, но дека властите на австралиската држава Викторија одбиле да му издадат виза, па тој не можел да го напушти аеродромот и да влезе во земјата. Ова на Твитер го објави Џаала Пулфорд, министерка за спорт на Викторија.
Австралиските медиуми потврдуваат и додаваат дека барањето до нивната гранична полиција за издавање виза на Ѓоковиќ, испратено неколку часа пред неговото слетување во Мелбурн, било одбиено откако било откриено дека тој поднел барање за погрешен тип на виза.