Српскиот ас обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, кој во четвртфиналето рутински го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со резултат 2:0 во сетови (6:3, 6:4).
Натпреварот траеше еден час и 22 минути.
За пласман во големото финале Ѓоковиќ утре ќе игра против победникот од дуелот меѓу Шпанците Рафел Надал и Карлос Алкараз.
Ѓоковиќ одигра одличен натпревар против Хуркач, немаше осцилации во играта и од почетокот до крајот целосно ги контролираше случувањата на теренот.
Во првиот сет Ѓоковиќ загуби само пет поени во пет сервис гемови, па Хуркач практично немаше никакви шанси. Од друга страна, српскиот ас ја искористи единствената можност да му го одземе сервисот на противникот во вториот гем и таа предност рутински ја задржа до крајот на сетот.
Пресвртот во вториот сет се случи во петтиот гем, кога Новак направи брејк. До крајот на мечот сигурно го задржа својот сервис и сосема заслужено избори пласман во полуфиналето.