Пензионираната руска гимнастичарка Светлана Хоркина е добитничка на два олимписки златни медали, а сопственичка е на уште пет олимписки медали и 40 медали од Светските и Европските првенства.
Деновиве како полковник во руската армија на шокантен начин ја коментира агресијата врз Украина. Поддржете ги нашите борци, руските војници кои повторно ја ослободуваат Европа од фашизмот“, порача таа на своите социјални мрежи.
Хоркина е омажена за 23-години постар генерал и е една од најконтроверзните членови на воената и политичката елита таму. Таа четири години беше претставник на партијата на Путин, Единствена Русија во Думата.