На Олимпискиот стадион во алжирскиот град Оран синоќа свечено беа отворени Медитеранските игри, 19-ти по ред.
На свеченото отворање на Медитеранските игри Оран 2022, знаменосци на Македонија беа Дејан Георгиевски (таеквондо) и Симона Заборска (карате). Нашата делегација брои 114 членови.
Алжир по втор пат е домаќин на Медитеранските игри кои ќе траат до 6 јули.
За време на церемонијата, на гледачите им се обратија претседателот на Организацискиот одбор на Медитеранските игри Оран 2022 Мохамед Азиз Деруаз и претседателот на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри Давиде Тикано.