Полека стивнуваат впечатоците по НБА драфтот , но вечерва асот на Портланд, Демијан Лилард покрена нова забава.

Имено, тој на Инстаграм објави своја фотографија со Кевин Дурант, но она што предизвика „експлозија“ од реакции е тоа што Дурент таму беше прикажан во дрес на Портланд.

Ова ги подгреа шпекулациите бидејќи Лилард сугерира дека Блејзерс би можеле да ја активираат „трансфер бомбата“ ова лето, да го спојат Дурент со Лилард во тимот и да ги „нападнат“ највисоките цели следната сезона.

Со оглед на неуспехот на проектот на Бруклин Нетс, кој минатата сезона имаше три суперѕвезди во тимот – Дурент, Ирвинг и Харден, многумина очекуваат Дурент да ги напушти Нетс, иако има одличен договор со нив до сезоната 2025/26.

Од друга страна, Портланд за евентуално да го донесе, најверојатно ќе треба да се откаже од голем број пикови на следните НБА драфтови, па дури има мислења дека Лилард само се шегувал вечерва.

Но, кој знае, приказната штотуку започна…