Лука Дончиќ доминираше против Јута утринава, а во еден момент беше фаулиран од центарот на гостите Хасан Вајтсајд.
Откако Словенецот падна на паркетот неколку негови соиграчи тргнаа кон кошаркарот на Јута Џез. Судиите одлучија да го исклучат Вајтсајд од натпреварот, но и Реџи Булок од Далас, кој беше најагресивен во мешаницата.