Атлетичарката од Шри Ланка, Каушаља Мадушани, беше пронајдена мртва и тоа само еден ден откако победи на државниот шампионат и тоа во дисциплината 400 метри со пречки.

Таа златниот медал го освои во саботата, а вчера веќе беше откриена почината во својата хотелска соба. Полицијата ја истражува нејзината смрт, но според локалните медиуми, најверојатно станува збор за самоубиство. Веста за трагедијата на 26 годишната Мадушани  ја потресе цела Шри Ланка, каде што веднаш почна акција со апел до младите да побараат помош веднаш кога ќе почувствуваат проблеми со депресија.

 

Атлетичарката во минатото освои два медали на Јужноазиските игри, а годинешниот триумф беше нејзина петта национална титула во трката на 400 метри со пречки.