Нашата најдобра футсал репрезентација, денеска ќе стартува во квалификациите за СП 2024 година. Четата на селекторот Васко Скендеровски попладнево во Шведска со почеток од 17 часот во Алингсас, ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациската група 10, во која покрај Македонија и Шведска се наоѓа и Италија.
На 12 овој месец, Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на Италија во Скопје во СЦ “Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.
Сепак денешниот дуел на гости кај Шведска е во преден план за момците на Скендеровски, од нив сите очекуваме добар настап и позитивен резултат.