Холанѓанецот максимално го искористи подарокот од најголемиот ривал сезонава, Шарл Леклер од тимот на Ферари, кој тргна од првата стартна позиција и имаше удобно водство сѐ до 28 круг, кога мораше да се откаже поради механички проблеми на болидот. Ферстапен до триумфот дојде и покрај излетувањето на песокот, што што едвај се врати на патеката, нешто што му се случи и на Саинц, а во текот на трката остана и без ДРС-забрзувањето.
На подиумот се најдоа уште Перес, кој доби дополнителен поен поради што имаше најбрз круг и Расел, додека зад нив завршија Саинц и Хамилтон, кој до оваа позиција дојде откако претходно падна дури до 19. позиција по блиската средба Магнусен. Најдобрите десет на трката во Барселона ги комплетираа Ботас, Окон, Норис, Алонсо и Цонуда.