Војната во Украина сè уште не се смирува, па постојано се водат битки меѓу украинската и руската армија, при што многу луѓе го загубија животот, а еден од нив бил и Сергеј Проневич.
Еден од најдобрите украински спортисти бил мачен и убиен во Украина, а тоа го потврди водителката на Националниот регистар на рекорди во Украина, Лана Ветрова.
„Ме шокираше веста за момчето кое беше мачено и убиено од руската армија. Неговото тело било пронајдено по ослободување на градот, и тоа една недела по неговото исчезнување“, открива Ветрова.
Момчето имало неколку рекорди, меѓу кои и тој во 2019 година кога трчал со воена опрема на себе и маратонот го завршил за четири часа и 36 минути.