Лук Де Јонг, ланскиот напаѓач на Барселона е херојот на ПСВ откако даде гол во 109-та минута од мечот за конечни 3-2 и вкупни 4-3 за „филипсовците“ во пресметката со Монако. После ремито 1-1 во малото кнежевство пред една недела, ПСВ на минута пред крајот се спаси од елиминација, иако прв поведе во 21-та минута преку Верман, но Монако дојде до пресврт со головите на Марипан во 58-та и на Бен Једер во 70-та, за Гитиерез да обезбеди продолженија, а Де Јонг да го реши прашањето за победникот.
Динамо Киев со 2-1 по продолженија славеше против Штурм, кој по 90 минути го надомести голот негатива од првиот меч, но во дополнителните пола час, Вивчаренко во 97-та и Циганков во 112-та донесоа конечна победа за пласман.
Во плејофот ќе игра и Глазгов Ренџерс кој после 0-2 од првиот меч против белгиски Унион Ројал Сен Жил вечерва победи со 3-0 на својот „Ајброкс“.
Во плејофот за пласман во ЛШ ќе играат Карабах – Викторија Плзен, Бодо Глимт – Динамо Загреб, Макаби Хаифа – Црвена Звезда, Копенхаген – Трабзонспор, Динамо Киев – Бенфика и Глазгов Ренџерс – ПСВ Ајндховен.