Аргентина со триумфот над Перу, го задржа лидерското место во квалификациите за СП во Јужна Америка, утринава успеа да го скрши отпорот на наследниците на Инките.

Перуанците не покажаа иницијатива за офанзивен пристап, не упатија ниту еден удар кон голот на Дибу Мартинез, па гаучосите тешко го скршија отпорот на гостите.

По една магична акција на Лионел Меси и Лаутаро Мартинез топката заврши во мрежата на перуанскиот голман, момент за најавни шпици. Меси и Мартинез креираа фудбалско ремек дело во Буенос Аирес, фудбалскиот гениј Лео луцидно нафрли а Лаутаро со волеј удар со ножички за паметење, ја погоди противничката мрежа.

Напаѓачот  на милански Интер акробатски со ножички ја зафати топката со левата нога, па постигна спектакуларен гол, а потоа следуваше ерупција од домашните навивачи на трибините.