Роберт Левандовски и Пјотр Зиелински, двете најголеми полски ѕвезди ја однесоа Полска на нов Мундијал, откако постигнаа два гола во второто полувреме и ги отпишаа Швеѓаните од оваа трка за место во Катар.
Левандовски ја погоди мрежата на „викинзите“ после само четири минути во второто полувреме, а Зиелински ја зголеми предноста на 17 минути пред крајот и да стави печат на триумфот и пласманот на СП.
Последниот европски патник во Катар ќе биде познат во јуни, откако прво Шкотска и Украина ќе го одиграат својот меч, а победникот ќе се соочи со Велс за финалниот билет за мундијалот.