Мохамед Салах и Египет нема да бидат дел од СП, зашто повторно загубија на пенали од Сенегал со 3-1, во мундијалскиот бараж во Африка за место на најголемиот фудбалски настан.
Египет пред нешто повеќе од месец и половина од Сенегал загуби во финалето на Африканскиот куп на нациите, а сега повторно пеналите им пресудија во трка за новиот настап на Мундијалот.
Бујале Дија по три минути даде гол за да ја надомести негативата од првиот меч, а потоа мечот дојде до пенал-рулетот во кој Египет промаши дури четири пенали, а меѓу нив и Салах, додека Сенегал со три гола на Сар, Диенг и Мане дојде до визата за Катар.
Гана по ремито 1-1 со Нигерија обезбеди виза, како и Мароко со триумфот со 4-1 против Конго и Тунис после ремито без голови со Мали, откако на гости Тунижаните славеа со 1-0.