Лазаров посочи дека оваа селекција треба да ги научи лекциите, посебно во делот кога го разбрануваме противничкиот голман.
„Жал ми е за навивачите кои поминаа толку километри да не бодрат, но ќе мора да им се оддолжиме низ иднината, а секако откако добро ќе ги научиме лекциите од ова европско првенство“, рече Лазаров.
„На секој натпревар откако сум селектор јас, без разлика дали добиваме или губиме секогаш противничкиот голман е играч на натпреварот. Токму на тој момент треба да работиме. Имаме иднина, имаме потенцијал, но психолошкиот момент кога доаѓа притисокот кој со себе го носи еден одлучувачки натпревар на кој атакуваме на победа тогаш ни пресудува. Ќе анализираме добро, па ќе видиме што може да очекуваме“, додаде Лазаров.