„Треба сите да бидеме горди на момците. Честитки за Португалија за победата и за пласманот на Светското првенство. Не сум задоволен од денешнио резултат, го загубивме ова финале, но задоволен сум од тоа што го прикажаа фудбалерите на овие два натпревари. Тие во себе носат голем потенцијал и на добар пат се да се приближат до најдобрите во Европа. Јасно е, ние се уште не сме во елитата, мораме уште многу да работиме. Сакав да ги оддалечиме Португалците од нашиот гол и мислам дека успеавме во тоа. Но, имавме индивидуални грешки, можеби и во најдобрите наши периоди, а тоа Португалија знаеше да го искористи. Грешките се составен дел од играта, но и после тие грешки ние не паднавме. Мислам дека бевме достоен ривал и овие натпревари со европски велесили треба да ни помогнат да се доближиме до врвот“, изјави Благоја Милевски.