Локалното дерби помеѓу градските ривали Џенова и Сампдорија или познато под псевдонимот Derby della Lanterna(Дерби на светилникот) се игра вечерва.
Се чини дека периодов е тежок и за двете екипа па така Џенова е претпоследна на табелата со само една победа и дури четири нерешени резултати.
А Ниту Сампдорија оваа недела ја потресе апсењето на претседателот Масимо Фереро и неговата оставка која е последица на апсењето.
Украинскиот стручњак во Џенова се очекува и денес да му даде доверба на Горан Пандев .
Од другата страна врсникот на Пандев и легенда на Сампдорија се очекува да настапи Фабио Кваљарела кој има постигнато над сто голови за Сампдорија и над 200 во Серие А. Така ова дуел ќе биде и градски но и помеѓу две легенди на италијанскиот фудбал.