Квича Кварацхелија погоди за водство на екипата од Неапол во 61. минута.
Но, задоволството на трибините не траеше долго, затоа што гостинскиот фудбалер Санабрија, по само три минути од погодокот на Грузиецот, постигна спектакуларен гол со „ножички“ и донесе голем бод за својот тим.
Наполи може да жали што на крај остана со само еден бод, затоа што во финишот создаде неколку сериозни шанси за нов погодок, а најголемата ја пропушти токму Кварацкелија, кој ја погоди пречката.
Наполи е на седмата позиција со 44 бодови, додека Торино е на 10. место со 38 бода.