Њукасл дојде на една победа во последните два меча за да го завери настапот во европската елита, а клуч за денешната исклучително важна победа беше првото полувреме во кое Дениз Ундав си даде автогол по 22 минути, а Дин Брн во 45+4-та минута го дуплираше водството.
Ундав по шест минути во вториот дел го врати Брајтон во натпреварот, но драмата заврши кога по 90-та минута Калум Вилсон даде трет, а Бруно Гимараеш четврти гол за конечна победа.
Њукасл веќе во недела против Лестер ќе има шанса да го завери пласманот, а во последното коло ги чека дуел со Челзи, кој нема никаков мотив за ништо до крајот на сезонава.
Брајтон го запиша 11-от пораз, но остана шести на позиција за Лига Европа со 58 бода, еден пред Тотенхем и Астон Вила, но Брајтон има и три меча до крајот, за разлика од ривалите за Европа кои се на 180 минути од крајот на сезоната.