Италијанската Рома е првиот финалист во Лига Европа и ќе игра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, во обид две години по ред да освои и втор европски трофеј. Тимот на Жозе Мурињо одигра 0-0 на гости на „Бај Арена“ против Баер Леверкузен, што беше доволно за пласман во финалето.

На првиот меч на „Олимпико“, Рома стигна до минимална предност (1-0) против Баер Леверкузен, со голот на Едоардо Бове.

https://ok.ru/video/5729869826799