Севилја уште еднаш потврди дека е специјалист за Лига Европа, пласирајќи се во седмото финале во ова натпреварување. Шпанскиот тим по продолженија го елиминираше Јувентус славејќи со 2-1, а во финалето за ривал ќе има уште еден италијански тим, Рома.

Јувентус поведе со голот на Душан Влаховиќ во 65.минута, но само шест минути подоцна одговори Сусо со проектил од 16 метри.

Севилја тргна во офанзива, но мечот отиде во продолженија, а во него Ерик Ламела излезе како херој, откако го постигна победничкиот гол во 95. минута.

Финалето во Лига Европа ќе се одигра на 31 мај на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

https://youtu.be/VlEn13d5opY