Вест Хем го совлада Вотфорд на гости со 1-4 и се врати на победите по пауза од три натпревари без триумф. Емануел Денис во четвртата минута донесе водство за Вотфорд, но Соучек и Бенрама се погрижија за пресврт до одморот. Во вториот дел, Марк Нобл од пенал и Никола Влашиќ го комплетираа триумфот.

Тотенхем не успеа да слави на гости против Саутемптон иако имаше играч повеќе поради исклучувањето на Мохамед Салису. Саутемптон поведе со голот на Џемс Ворд-Праус, а израмни Хари Кејн од пенал пред крајот на првиот дел.

Кристал Палас го совлада Норич со 3-0. Едуард, Матета и Шлуп беа стрелци на головите.