ЕХФ на својата овицијална страница постави статија која се однесува ракометни херои, кои имаат посебни места во ракометот. Во друштво на Јиха, Душебаев, Сигурдсон… се најде секако и македонскиот селектор и играч во македонската репрезентација Кирил Лазаров.
„Тешко е да се каже дали Македонците се повеќе горди на Кире Лазаров или на нивниот Ајвар, но Лазаров сигурно е на врвот, поради многу добра причина.
Тој е еден од најголемите неопени херои на ЕП кога се работи за титулите, но никако не смеат да се занемарат неговите индивидуални остварувања. Сагосен со 65 гола во 2020 не го сруши рекордот, Лазаров беше прв стрелец на вечната листа стрелци на ЕП со 61 гол на ЕП 2012 година.
Сагосен одигра девет, а Лазаров само седум меча. Иако бил најдобар стрелец на ЕП, СП и во ЛШ – сепак никогаш не бил во идеалниот тим кога се работи за настапите на репрезентацијата на големите натпреварувања. Шансите сепак не се загубени, како икона на македонскиот ракомет тој сега е селектор, а кој знае што може да освои со неговата нова улога?“, се прашува ЕХФ.
Европското првенство е последна шанса Лазаров како играч да им покаже на своите помлади колеги од репрезентацијата што треба да прават кога играат на едно големо натпреварување и го носат репрезентативниот дрес.