Во пресрет на натпреварт Вардар1961 и ППД Загреб поранешниот македонски селектор и предводник, на хрватскиот шампион Ивица Обрван, даде изјава за неговите очекувања за денешниот дуел.
“По тринеделни подготовки кои завршија со турнирот во Добој, нe очекува важен натпревар. Би рекол дека шансите и за нас и за Вардар се еднакви во овој момент. Резултатот од првиот натпревар нема да гарантира речиси ништо, освен ако навистина не е резултат со голема разлика. Така што верувам дека учесникот на турнирот Final4 ќе биде одлучен на 31 август во Загреб. Ни преостануваат уште неколку тренинзи за максимално да се подготвиме за Вардар, но го подигнавме нивото на форма на прилично добро ниво. Се надевам дека на овие два натпревари ќе прикажеме добри игри и ќе победиме на Final4 од СЕХА-Гаспром лигата.” – изјави Обрван