Репрезентацијата на Македонија на 13 јануари го игра првиот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка, а за Дебрецин селекцијата заминува денеска со чартер лет.
Патниците се веќе познати, а селекторот Лазаров одбра 21 ракометар.
Македонија првиот натпревар го игра на 13 јануари против Словенија, два дена подоцна игра против Црна Гора, а Данска е третиот ривал на 17 јануари. Веќе е познато дека првите две селекции од секоја група одат во следната рунда.
Меѓу одбраните играчи има неколку млади играчи, па ова е спој на младост и искуство, а од првичниот список поради позитивен тест на коронавирус отпаднаа голманите Никола Митревски и Марко Кизиќ , крилото Гоце Ојлески и бекот Михајло Младеновиќ ,. Дополнителен повик добија голманите Градимир Чаневски и Благојче Трајковски .
Состав на Македонија:
Голмани : Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
Леви бекови : Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски
Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоноски
Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски
Селектор Кирил Лазаров