Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше еден од најдобрите поединци на Леванте во триумфот над Мајорка, прв за тимот од почетокот на сезоната, и заслужено се најде во идеалниот тим на колото во Ла Лига.
Барди реализираше фантастична асистенција за водечкиот гол во триумфот од 2-0, а во идеалниот тим е заедно со „кралевите, Карим Бензема и Винисиус Жуниор.