Миркуловски посочи дека Македонија да направела пет-шест технички грешки помалку од 15-тината на мечот ќе го завршела дуелот со позитивен резултат.
„Можевме повеќе, одигравме релативно одличен меч и пресудни беа тие технички грешки. Мислам дека ако ги сведевме тие технички грешки на пет-шест помалку ќе имавме позитивен резултат. Одлично отворивме со 4-1, но потоа следеше таа нивна серија од 6-0, но го издржавме тој притисок за да влеземе во егал. Сепак, грешките беа пресудни. Пропуштивме голема шанса, Словенците беа во грч, се изненадија кога и без Кире Лазаров видоа дека можеме добро да одиграме. Сепак, ете не успеавме да победиме“, рече Миркуловски.
Тој посочи дека младите покажале квалитет, без оглед на поразот и дека оваа селекција може многу повеќе во иднина.
„Ние за ова ја подготвуиваме оваа репрезентација, Лазаров требаше да игра 15-20 минута, идејата беше помладите да играат, генерацијата 96 да го понесе тој товар и се виде дека квалитет и во одбрана и во напад. По мене одиграа многу коректен меч, на чело со Томовски, се што можеше фати“, додаде Миркуловски.