По големото разочарување и испаѓањето од Европското првенство по првата фаза од натпреварувањето, Љубомир Врањеш ќе добие отказ .
Шведскиот стручњак Љубомир Врањеш нема да остане на клупата на словенечката репрезентација. Како големо разочарување заврши настапот на актуелното Европско првенство за Словенија.
Словенија успеа да ја забележи единствената победа во групата против Македонија, а од второто полувреме против Данска се тргна надолу.
Кулминација беше вчерашниот натпревар против Црна Гора во кој Словенија тотално потфрли и одигра многу лошо и забележа пораз со кој се прости од првенството.
Врањеш постигна најдобри резултати како тренер, предводејќи го Флензбург со кој ја освои Лигата на шампионите, но потоа немаше многу успех, а ги предводеше Србија, Веспрем, Унгарија, Кристијанштад, а сега и Словенија.
Како најсериозни кандидати за негов заменик се споменуваат Урош Зорман, Бранко Тамше, Борис Денич, Алеш Пајовиќ, Зоран Јовиќиќ, Урош Шербец …