За ждрепката и за ривалите свој коментар имаше селекторот Кирил Лазаров.
“Тешка и интересна група за нас. Секако дека не можам да бидам објективен зашто нашата селекција ќе настапи без Миркуловски, Стоилов, Лазаров. Ме загрижува и неиграњето на Вардар во Лигата на Шампионите. Тоа значи дека дел од ракометарите нема да играат квалитетни натпревари во пресрет на Мундијалот.Сепак верувам во невозможни мисии и работа, само така можеме да одиме напред“ вели нашата ракометна икона.
Подинечно за секој наш ривал Лазаров посочи…
„За Норвешка не треба да се трошат зборови, познат е нејзиниот квалитет. Холандија пак беше хит на последното Европско првенство. Аргентина години наназад правела проблеми и на посилни селекции од нашата. Ќе се фокусираме на себе и на нашата селекција и ќе работиме напорно што подобро да се подготвиме за нашиот настап на Мундијалот“ истакна Лазаров.