Веспрем со македонскиот репрезентативец Дејан Манасков не успеаа да се вратат на шампионскиот престол во Унгарија и денеска во дербито за титула со ПИК Сегед во последна секунда ја загубија шампионската круна со поразот дома со 29-30.
Веспрем имаше отворен пат кон титулата после победата со 29-28 во Сегедин, но на денешниот втор меч за круната, не искористија напад на 15 секунди пред крајот при реми 29-29, па Рошта во последната секунда даде гол за ПИК Сегед за победа и само поради повеќето дадени голови на гости, успеаа да останат владетели во унгарскиот шампионат.
ПИК Сегед и лани беше шампион детронизирајќи го Веспрем, па на унгарскиот великан сега му преостанува битката на фајналфорот идниот викенд во Келн за европската титула во Лигата на шампионите.
Манасков мечот го заврши со два гола во второто полувреме, а херој на ПИК Сегед беше голманот Миклер со 15 интервенции.